agroeli

повеќето производи се произведуваат рачно и на традиционален начин

без употреба на адитиви, шеќер и на други хемиски додатоци

за деца и за возрасни, како и за лица со посебни потреби во исхраната

Водени од мотото „Ем здраво, ем вкусно!“ голем дел од нашите производи ги правиме на традиционален начин и без употреба на адитиви, хемиски додатоци и шеќер. Затоа со гордост и задоволство пред нашите макарони, колачи и зимници го додаваме епитетот „домашни“.

Линијата Е-Вита е составена од огромен избор на макробиоткски производи како тестенини, крекери, џемови, млечни производи и колачи. Макробиотскиот режим е специфичен начин на исхрана кој многумина го сметаат за уметност и вештина на знаење. Доколку се придржувате до овој начин на исхрана тоа значи дека имате добро здравје, регенерација на телото и подобрување на спортските резултати.

Ем здраво, ем вкусно!

Конзумирањето здрава храна станува секојдневна навика на сè поголем број луѓе. Тоа повеќе не е помодарство што го практикуваат само малкумина туку начин на живот за многумина. АГРО ЕЛИ е компанија која го урива митот дека здравата храна најчесто не е вкусна.

Водени од мотото „Ем здраво, ем вкусно!“ голем дел од нашите производи ги правиме на традиционален начин и без употреба на адитиви, хемиски додатоци и шеќер. Затоа со гордост и задоволство пред нашите макарони, колачи и зимници го додаваме епитетот „домашни“.

Мирисот и вкусот на нашата храна ќе ве врати во детството и ќе ги разбуди вашите спомени. Чувајте го телото здраво затоа што тоа е единственото место во кое ќе живеете!

Добар апетит!

  • Макарони со ракчиња

  • Макарони со пилешко

  • Макарони со зеленчук

  • Макарони со печурки

за Агро Ели

историја

Компанијата Агро Ели постои 10 години и се занимава со производство на макробиотска храна чие редовно конзумирање помага во водењето здрав живот. Богатиот асортиман, кој се состои од над 50 производи, и е поделен во две бренд линии, ЕЛИ и Е-ВИТА опфаќа: разни видови интегрални грицки, колачи од смоква, бисквит и бадем, тестенини, разни видови џемови, домашно подготвени ајвар, лутеница и пинџур, повеќе врсти намази, тофу сирење, јогурт од соја, сеитан...

политика на квалитет

Агро Ели има строго утврдена политика за квалитет, насочена пред сè кон потребите на потрошувачите, но и на бизнис партнерите и вработените. Таа опфаќа производство и дистрибуција на храната во согласност со современите стандарди, доставување на безбеден и квалитетен производ до крајниот потрошувач, фер и коректен однос кон соработниците во земјата и во странство, почитување на потребите и барањата на вработените и нивна едукација.

мисија и визија

Нашата главна мисија е да создаваме среќни и задоволни потрошувачи. Наједноставен начин да се постигне тоа е со искреност и квалитет. Агро Ели произведува здрава храна по принципите на макробиотичката филозофија за здрав, долг и среќен живот. Здравата храна произведена по домашни рецепти да стане дел од секој дом. Едукација и развивање навика кај граѓаните да се хранат здраво и квалитетно.